Breaking News

Вработените во Филип Морис ТКП се вклучија во акцијата за чистење отпад во паркот Гази Баба


Вработените во компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) учествуваа во волонтерската еко-акција за чистење на отпад во Парк-шумата Гази Баба, која се спроведе во организација на невладината „За почиста Македонија“.  Пластични шишиња, лименки, отпушоци од цигари, амбалажи од храна, хартии и ќесиња се само дел од отпадот што беше собран во саботното чистење, преку кое беше испратена порака граѓаните да не фрлаат отпад и во масовен број да се вклучат во идните еколошки акции за зачувување на животната средина.


„Во духот на грижата за животната средина, активностите за одржливост и општествената одговорност на компанијата, вработените во Филип Морис ТКП се вклучија во акцијата за чистење на паркот Гази Баба.  Се работи за иницијатива за зголемување на јавната свест за чиста околина и поттикнување на позитивни практики кај населението. Филип Морис постави нови стандарди во земјата, а своите иновативни идеи компанијата ги имплементира во сите области од општественото живеење“, истакна Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“.


Стратегии за одржливост на Филип Морис Интернешнал (ФМИ) се однесуваат на влијанијата на околината што ги имаат процесот на производство и готовите производи на компанијата. Имајќи предвид дека е важно да се намали отпадот што се создава од страна на потрошувачите, ФМИ во својот „Интегриран Извештај“ за 2022-ра објави дека постигнат е значителен напредок во спроведувањето програми за враќање на уреди за загревање, за рециклирање и потрошниот материјал по употреба на производите. Од еколошката страна, непрофитната добротворна организација CDP, која го води глобалниот систем за обелоденување за инвеститори, компании, градови, држави и региони за да управуваат со нивните влијанија врз животната средина, ја препозна ФМИ како лидер во одржливоста, со троен А резултат за безбедноста кон климата, шумите и водите трета година по ред. ФМИ продолжува и со декарбонизација на директните операции, со 13 фабрики кои се веќе сертифицирани како јаглеродно неутрални.