Breaking News

Вработени ги потврдуваат изјавите на министерот Меџити за разрешувањето на Јовев


Малкумина му поверуваа на министерот за здравство Фатмир Меџити кога на 5 јуни, за смената на д-р Сашко Јовев, тогаш директор на Клиниката за кардиохирургија, рече дека нема никакви политички причини. Секаде каде што има злоупотреби ќе има и санкционирање, рече тогаш министерот Меџити, пишува МКД.мк. Тој тогаш не кажа за какви злоупотреби станува збор, но сведочењата на вработени во клиниката само ја потврдија оваа негова изјава.


Кога на изненадување на сите министерот Меџити го потпиша решението за разрешување на директорот Јовев, никој со ниту еден збор не ја спореше неговата стручност и професионалност како кардиохирург. Тој беше и дел од тимот кој спроведе неколку успешни трансплатации на срце.


Но, кога станува збор за менаџирање со еден колектив, според сведочењата на дел од вработените во клиниката, очигледно е дека Меџити едноставно бил приморан да го стори тоа. Тој тогаш спомена и мобинг.

Медицинската сестра Верче Стојкоска случајот за мобинг од страна на Сашко Јовев го пријавила и до управата на Клиниката за кардиохирургија, но и во полиција. Во нејзината писмена изјава, која ја поседуваме, таа вели дека веќе три години го трпи мобингот од директорот, дека трпела навреди од директорот, кој ѝ се заканил дека ќе биде избркана од работа („ќе леташ како партал“), а ретко кога била на листата за зголемување на платата. „Ја замолувам управата на Клиниката да има разбирање за оваа моја поплака, јас сум самохрана мајка, жена борбена, болна од карцином, со неколку оперативни зафати. Сметам дека управата ќе ја има предвид поплаката заради моја лична сигурност и безбедност“, се вели во писмената изјава на Стојкоска до управата на Клиниката за кардиохирургија. Истата ова изјава е заведена и во полициската станица во Центар.


За целиот текст на МКД.мк