Breaking News

Во Тетово конференција за економска писменост и образование


Во организација на Институтот Либерална алтернатива и Иницијатива за економски основи од САД денеска во Тетово започна конфенцијата за економска писменост и образование #EconLit2023. Целта на конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Северна Македонија.


-Идејата за овој проект е да се зголеми писменоста од економска перспектива не само за тие што се од браншата на економијата туку за сите. Денешната конференција има три таргет групи, првата јавни институции, втората е академскиот сектор и бизнис фелата, изјави Орхан Цека од Институтот Либерална алтернатива.


Дел од говорниците беше министерот за економија Крешник Бектеши кој за медиумите изјави дека темата е многу важна, имајќи во предвид со тоа што се справува државата во моментот, европскиот континент, но и на глобално ниво.

-За сите луѓе подеднакво за базичните работи во делот на економијата да бидат информирани и на начинот како би можеле тие најдобро да се справуваат и со зголемување на цените и со справување со енергетската криза и слично. Затоа министерството за економија, Владата во целина секогаш ќе поддржи вакви иницијативи, вакви конференции се со цел јавното мислење, но и јавноста пошироко да биде што подобро информирано. Првично да го зачуваат нивниот животен стандард, а дополнително на тоа да влијаат и во економскиот развој на државата. Кога едно семејство има базично знаење за економијата секако дека средствата што непотребно би ги трошеле би можеле да ги инвестираат за дополнителни работи кои би дале и имале додадена вредност во нашата економија, рече Бектеши.


Тој рече дека има и буџетски средства кои се определуваат преку различни институции за оваа намена.

-Секако дека и нашите стратешки партнери помагаат се со цел овие важни теми да бидат приоритети во нашата држава. Сакам во моменти на криза, сите заедно да придонесеме во што подобри мерки дизајнирани од страна на Владата кои нема да бидат само на Владата, туку ќе бидат опфатни и проширени од сите страни. Се со цел да го постигнеме најдоброто од тоа што го прави, потенцираше Бектеши.


Ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети порача дека ова е важна конференција во делот на промена на економската структура, економскиот амбиент, бизнис амбиент во целина, затоа што промените бараат усогласување и на системот на образование или на економска едукација.

-Токму заради тоа ние ќе разговараме тука за да и Унивезритетот и академската заедница како и бизнис заедница така и чинителите на политиките да бидеме што поусогласени во делот на обезбедување соодветна адекватна едукација на младите генерации за да ја стопираме нивната миграција, рече Беџети.


На новинарско прашање дали граѓаните треба да се едуцираат за поголемо плаќање даноци, Беџети одговори дека прво треба тоа да се направи околу создавање на приходи.

-Пред да ги едуцираме за даноци, да ги едуицираме како да генерираат бизниси и како да генерираат приходи. Не да почнуваме од даноци. Не да почнуваме од даноци, како директно некого да едуцираме како даночен обврзник, пред да биде даночен обврзник, тој треба да биде бизнисмен, тој треба да остварува приходи, на основа на приходите да плаќа даноците. Ние сме се навикнале да граѓаните ги гледале како даночници. Општините нека ги соберат своите даноци, најдобро. Прашајте ги општините колку ги собираат своите даноци па после да вриштат, дека малку им дава централната Влада даноци. Кој ги спречува општините од 0.1 стапка да зголемуваат на 0.2. Кој ги спречува, законот им дава таа можност, која општината го направила тоа, зошто има политичка цена. Сакаат политичката цена да ја испорчаат на централната Влада, а тие се доле само за да се жалат и да вриштат,затоа што не можат да соберат даноци, рече Абдулменаф Беџети. ас/мч/