Breaking News

Во Србија се набавува апарат за хемофилтрација, спирометар, апарат за неинвазивна вентилација со вредност од 2 милиони динари


Секретаријатот за здравство на Белград обезбеди 2 милиони динари за набавка на апарат за хемофилтрација, спирометар, апарат за неинвазивна вентилација и монитор за Универзитетскиот клинички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ – Дедиње“, објави „Беоинфо“.


– Апаратот за хемофилтрација е набавен за потребите на Клиниката за анестезиологија со реанимација. Неопходно е за заместителна терапија на бубрежната функција кај пациенти со тешко оштетување на оваа функција, како и во случаи на сепса, акутен панкреатит и други. Употребата на овој апарат денес е апсолутен стандард во лекувањето на критично болните пациенти – изјави градскиот секретар за здравство, д-р Зоран Благојевиќ, објави Екапија.


Апаратите за неинвазивна вентилација овозможуваат вештачка вентилација во одделенијата за интензивна нега, без потреба од дополнително вклучување на тимови за анестезиологија, што ја прави работата многу полесна, побрза и поевтина. Сè поголем е бројот на пациенти на пулмологија со пореметување на дишењето за време на спиењето, а тоа е препорачаниот метод за вештачка вентилација.

Лекарите на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње се целосно обучени за ракување со апаратот за неинвазивна вентилација и поседуваат соодветни потврди.


За кардиолошкото одделение на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ ќе се набават два монитори за хоспитализирани пациенти. Со нивното купување значително ќе се подобри дијагностиката и следењето на здравствената состојба на пациентите.

https://www.ekapija.com/news/285284/sekretarijat-za-zdravstvo-obezbedio-2-miliona-dinara-za-nabavku-aparata-za-kbc