Breaking News

Во Скопје отворена изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска беше отворена на изложбата „Кои сме ние“, која ќе биде поставена за јавноста до 7 мај. Изложбата е во организација на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“, како проект на УСАИД за инклузија на Ромите.


На оваа изложба, прва од овој карактер, беше презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски познати личности имаат ромско потекло.


Марија Сулејманова од Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ истакна дека оваа изложба ја поставуваат по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, меѓутоа, како што рече оваа година се одлучиле изложбата да трае цел месец. Таа потенцира дека годинава поразличмно е тоа што излегле надвор од институциите и се поставени во трговскиот центар „Исте гејт“, затоа што, како што рече, сакавме да бидеме помеѓу сите наши сограѓани, односно нероми за и тие да имаат прилика да се запознаат со нивните сограѓани Роми.

-Изложбата ги содржи едни од најважните информации за Ромите, односно од каде потекнуваат Ромите, кои празници ги имаме ние како заедница. Можат да се прочитаат неколкуинтересни зборчиња на ромски јазик и се поставени слики од светски познати Роми. Изложбата е достапна на македонски и англиски јазик, рече Суламанова.фф/са/


Скопје, 13 април 2023 (МИА)