Breaking News

Во Штип ќе се одржи Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023)


Земјоделскиот факултет денеска и утре го организира третото Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023), со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми.


На денешното научно-стручно советување, учесниците ќе имаат можност да презентираат и да дискутираат за оригинални научни и практични резултати во различни полиња на земјоделството.


– Една од главните цели е да се направи мост и да се овозможи силна комуникација помеѓу научно-истражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор, како во нашата земја, регионот, така и поширко, со што ќе се добие меѓународна димензија, соопштија од Универзитетот Гоце Делчев – Штип. цр/хс/

Фото: МИА архива
Штип, 19 април 2023 (МИА)