Во Штип и Велес промоција на проектите за дигитализација на услугите во општините од Вардарскиот и Источниот плански регион


Во Штип и Велес денеска ќе се одржат завршните настани за претставување на проектите за дигитализација на услугите во вкупно 16 општини во Вардарскиот и во Источниот плански регион.


Воведни обраќања на настанот во Велес ќе имаат градоначалникот Марко Колев, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, како и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.


На настанот во Штип ќе зборуваат градоначалникот Иван Јорданов, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион, Зујица Ангелова.

Преку проектите за дигитализација се обезбедува можност граѓаните и компаниите дел од општинските услуги да обезбедуваат по електронски пат. Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој“, што го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Бирото за регионален развој. мч/лв/


Скопје, 11 април 2023 (МИА)