Breaking News

Во рамките на ценовниот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО: dm дрогерие маркт трајно намалува голем број на производи од сопствените трговски марки!


Во мај 2023 dm го привлече вниманието на нашата јавност со воведувањето на новиот ценовен концепт „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“ – прв и единствен на македонскиот пазар. Со цел поголема транспарентност, како и заштеда на време и пари, наместо производи на двонеделни и месечни акции, dm на своите купувачи им понуди голем број на производи кои се карактеризираат со долгорочно поволни цени.


Сега, со цел ограничување на инфлацијата која за жал е постојано присутна во нашето секојдневие, од 1 февруари 2024 година компанијата, во рамките на концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО, реши трајно да ги намали цените на голем број на основни производи за нега и хигиена, нега на бебиња, исхрана и домаќинство од сопствените трговски брендови, популарните dm марки, и да ги направи уште подостапни и поповолни за купувачите. Инаку, во асортиманот на приватни трговски брендови на dm има повеќе од 3.000 производи од најразлични сегменти. Сите производи од dm марките, уште од самиот старт на концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО се дел од него и гарантираат долгорочно поволни и стабилни цени, кои нема да бидат зголемени најмалку 4 месеци од датумот наведен на ценовната етикета.


„Природна обврска на сите учесници на пазарот треба да биде да се обидат да ја запрат спиралата на поскапувања и да ја забават инфлацијата. Во интерес на сите нас е да направиме сѐ за да ја задржиме куповната моќ и благосостојбата на луѓето во нашата земја. Затоа, многу внимателно го следиме развојот на цените на пазарите и ги споредуваме перцепциите во и преку националните граници и реагираме онаму каде што има потреба. Се надеваме дека со овие намалувања ќе ја постигнеме оваа цел и ќе одговориме на барањата на купувачите“ – изјави Оливер Тошевски, менаџер за набавка на dm во Македонија.

dm е најголем понудувач на сопствени трговски марки на нашиот пазар, со повеќе од 3.000 производи во својата понуда. Покрај големиот број на производи, она што го прави посебен овој асортиман е идентичниот квалитет на производите на висококвалитетните dm марки како Balea, alverde NATURKOSMETIK, Denkmit, babylove, dmBio и други во сите 14 земји каде dm е присутен на пазарот.