Breaking News

Во Радовиш опожарени две приклучни и едно влечно возило


Синоќа околу 23 часот на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш избувнал пожар во кој биле зафатени две приклучни и едно влечно возило.


Како што информираа од СВР Струмица, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица на Радовиш, а немало повредени лица.


За пожарот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Радовиш, а увид извршила екипа на Одделението за внатрешни работи од овој град. рт/аа/

Фото: МИА архива


Струмица, 15 март 2023 (МИА)