Breaking News

Во Пелагонија се подготвува почвата за сеење на полјоделски култури


Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија почнаа со подготовка на почвата за сеење на полјоделски култури.


Според априлскиот календар, планираните земјоделски површини со пченка ќе бидат засеани наредната седмица, и се очекува до крајот на месецов да заврши засејувањето на оваа култура.


– Во април почнува третманот со хербициди кај пченицата и јачменот, зависно од видот и фазата на плевелите, со соодветни хербициди и потребно е да врши редовно следење на посевите. Исто така, кај кромидот, доколку е влажно времето во овој период е можна појава на жолти дамки на листовите и појава на пламеница. Доколку се забележат првите симптоми потребно е веднаш да се изврши третирање со соодветни регистрирани фунгициди. Раните домати се препорачува да бидат посадени во периодот од 17 до 30 април, а краставиците се препорачува да бидат посадени во периодот од 25 април до 10 мај. Продолжува грижата за растенијата коишто треба да бидат посадени, а неколку денови пред садењето тие треба да бидат истретирани профилактично, посочуваат пелагониските агроексперти.

Овој месец во Пелагонија почнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови, како и обработката на почвата за уништување на плевелите. мт/ир


Фото: МИА

Битола, 4 април 2023 (МИА)