Breaking News

Во осум средни училишта во Скопје дојава за поставена експлозивна направа


Во СВР Скопје денеска околу 11:40 часот е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.


– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР. цр/дма/


Скопје, 3 февруари 2023 (МИА)