Breaking News

Во Њујорк се продава стан од 60-тите, чини скоро два милиона долари


Њујорк, 10 јануари 2023 (МИА) – Неодамна на пазарот на недвижности во Њујорк, САД, се појави уникатен стан чија внатрешност изгледа непроменета од 1960-тите и е целосно покриена со дрво.


Станот „замрзнат“ во времето неодамна се најде на продажба во њујоршкиот „Гринич вилиџ“, а просторот со две спални соби и две бањи чини за 1,79 милиони долари. Покрај тоа што изгледа како сè уште да е во 60-тите, дрвените облоги што стигнуваат до таванот го прават само попростран. Агентот за недвижнини, Фред Каргијан вели дека овие облоги му даваат и повеќе „карактер“.


– Јаворовата облога е убава промена од типичните однатре бели станови, рече Каргијан.

Станот има и подвижни прекривки на прозорите, вграден шанк кај влезот и спални соби коишто се наоѓаат на крајот и даваат впечаток дека човекот се наоѓа во одвоено крило. Има и трпезарија доволно голема за „да се користи и како канцеларија“ – како и централна климатизација и лична бања во главната спална соба. Зградата во која се наоѓа овој стан е од 1967 година – има лифт, вратар достапен 24 часа, складиште за велосипеди, пералница и двор долу. си/


2023-01-10 12:34:02, од Слободан Иванов