Breaking News

Во новиот K MALL трговски центар во Ѓорче Петров божиќен базар и попусти до крај на годината


Општина Ѓорче Петров на 15 декември доби нов трговски центар KMALL кој со својата модерна архитектура и атрактивни содржини, прилагодени на потребите на современиот животен стил, ќе го трансформираат начинот на живеење и пазарување на жителите на општината.


Со поздравен говор, огномет и сечење црвена лента се означи отворањето на трговскиот центар, по што потрошувачите има можност да ги искористат специјалните промоции во продавниците и да се забавуваат со богата музичка програма на Божиќниот базар. По повод отворањето, три дена се одржуваа перформанси на музички изведувачи, диџеи и жонглери, како и активности за најмладите, како што се настапи на хорот на „Златно славејче“, цртање лице, но и различни спортски и музички активности.


– Нашата цел е овој простор да стане вистинско срце на општината, каде секој посетител ќе најде свое катче и простор за пазарување, релаксација и ќе помине убави моменти. Една вистинска мала оаза за забава и за опуштање што ни беше главна мисија уште од самиот почеток. K MALL нема да биде само трговски центар, туку и место за средби, социјализација и радост за жителите од сите генерации – посочи управителот на „Кам Имобилиен” во својот поздравен говор.

На отворањето се оддаде и посебна чест на идејниот творец на проектот, г-от Гоце Камчев, кој за жал не е повеќе меѓу нас. Од управата споделија дека името и логото се во негова чест, а сите вработени во Камчев Груп заеднички продолжуваат да ја развиваат неговата идеја, мисија и визија.
Отворањето беше проследено со голем број активности, но новогодишните попусти и акции продолжуваат и ќе траат до крај на годината. Сите потрошувачи имаат можност да го посетат Новогодишниот базар, каде секој ден ќе најдат поинаква, богата содржина и ќе минат убав период во овој нов и модерен трговски центар.


Повеќе детали за програмата на Божиќниот базар може да најдете на следниот линк.

Во трговски центар засега се застапени брендовите: КАМ, Sport Reality, Sinsay, Office plus, LL Gourmet, Sara Fashion, Premio optics, a во план се и многу нови содржини и брендови како Зегин, Авиатор и др. K MALL се простира на вкупна површина од 21.000 м2 распределени во неколку нивоа, со 240 паркинг-места, четири нивоа простории за изнајмување и три нивоа за административни и канцелариски капацитети. Во рамки на инвестицијата се отворени и 200 нови работни места, а во план е во иднина да се отвори и нов мол од ваков тип во центарот на Скопје.