Breaking News

Во Македонска Каменица отворена изложбата „Ана Франк-Историја денес”


Во Македонска Каменица отворена изложбата „Ана Франк – Историја за денес”. Организатори на настанот е Културно-информативниот центар „Романса” и Младинскиот образовен форум, од каде информираа дека посетителите ќе можат да ја погледнат во следните две недели во Домот на Културата.


-Оваа изложба во Македонија е отворена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. За нас претставува чест што и ние се најдовме меѓу општините каде граѓаните ќе се запознаат со бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна, истакнаа од КИЦ „Романса”.


Во рамки на изложбата која претставува збир од триесет и девет изложбени панели меѓу кои и панели креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна.

– Изложбата се реализира во соработка со гимназијата „Миле Јаневски – Џингар”. Ученици од ова училиште кои претходно ја поминаа обуката ќе бидат водичи за посетителите за да ја раскажат приказната на Ана Франк. Значи сите ученици од ова училиште во текот на наредната недела ќе имаат можност да ја погледнат изложбата, а нивни соученици ќе ги водат низ неа, истакнаа од Младинскиот образовен форум.


Изложбата досега беше поставена во повеќе градови во државата меѓу кои Делчево, Битола, Струмица, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Скопје и други. вс/фф/