Breaking News

Во изминатото деноноќие произведени се 15.347 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведe 15.347 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.


При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 10.198 мегават часови струја, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.149 мегават часови. дма/вј/


Фото: Влада

Скопје, 29 март 2023 (МИА)