Breaking News

Во Грција згрижени над две илјади деца бегалци без придружба


Процените се дека во Грција се згрижени 2.219 деца бегалци без придружба, од кои 83 отсто се момчиња, а седум проценти се помали од 14 години, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.


Поголемиот дел од децата, 1.673 се сместени во специјалните центри за згрижување на деца бегалци без придружба.


Грција располага со 69 вакви центри со капацитет да примат 1.963 деца.

Минатата седмица заврши тригодишната програма за доброволна релокација на децата бегалци без придружба во 13 земји од Европската Унија.


Од април 2020 година 1.368 деца биле пренесени во некоја од европските земји.ср/