Breaking News

Во Буркина Фасо убиени околу 60 цивили


Околу 60 цивили се убиени во петокот во северниот дел на Буркина Фасо од луѓе облечени во униформи на вооружените сили, соопшти денеска локалниот обвинител Ламине Каборе, повикувајќи се на информации од полицијата во градот Вахигуа.


Обвинителот рече дека е започната истрага за нападот што се случил во селото Карма во провинцијата Јатенга, во близина на границата со Мали. Оваа област е опустошена од исламистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.


Други детали за нападот не се соопштени. На 15 април непознати напаѓачи убија 40 лица, а повредија 33 други во истата област.

Нападите врз цивили во западноафриканската држава Буркина Фасо зачестија од 2022 година. јт/


Фото: МИА архива

Вахигуа, 24 април 2023 (МИА)