ВМРО-Народна партија остро се спротивставува на иницијативата предложена од Стопанската комора за увоз на отпад за согорување како алтернативно гориво.
Сметаме дека индустријата доби доволно субвенции за овие години и во време на ковид кризата и војната во Украина и дека нема потреба од повторно менување на законот од 2020 година кога целосно се забрани секаков увоз на отпад за користење како алтернативно гориво за согорување.
ВМРО-Народна партија нема да поддржи во парламентот никаква измена на постоечкиот Закон.
ВМРО – Народна партија