Breaking News

Влада: Во изминатото деноноќие произведени се 14.579 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведе 14.579 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.


Во термоелектраните произведени се 10.986 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ произведени се 3.593 мегават часови.


Од Владата посочуваат дека податоците се преземени од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 09.03.2023 година. ир/сп/