Breaking News

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра


Вкупната трговска размена минатата година изнесувала 20.424.810 илјади евра. Извезена е стока во вкупна вредност од 8.299.582 илјади евра, а увезена е стока во вредност од 12.125.228 илјади евра, објави Државниот завод за статистика.


Според статистичките податоци, извозот бележи пораст од 19,9 проценти, а увозот од 25,8 проценти.


Трговскиот дефицит изнесувал 3.825.646 илјади евра.

Според вкупниот обем на надворешно-трговска размена, најмногу земјава тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. бак/аа/