Breaking News

Виталиа се претстави на престижниот меѓународен саем Ануга 2023


 


Од 7 до 11 октомври оваа година, нашиот најпознат домашен бренд за здрава храна Виталиа се претстави на Ануга 2023, престижниот меѓународен саем за храна и пијалаци кој се одржува во Келн, Германија.


Оваа година, ќе се претстават 7.700 изложувачи со потекло од 160 земји со своите вкусни и иновативни производи од прехранбената индустрија и ќе ги споделат нивните новитети со посетителите и експертите од полето.

Како глобален настан, Саемот Ануга претставува меѓународен собир на инспирација и иновација, на кој некои од најголемите прехранбени компании и предводници во индустријата секоја година изложуваат дел од нивното портфолио кое сакаат да го претстават пред јавноста. Виталиа зема учество на саемот заедно со својот маркетинг и продажен тим, каде во петте дена во кои се одржува Ануга 2023 ќе ги прикажат производите од новата детска линија, токму во центарот на светските трендови во прехранбената индустрија.


Посетителите на штандот на Виталиа, покрај тоа што ќе се запознаат со новата линија на детски производи, ќе имаат и можност да искусат низа иновативни, здрави и вкусни производи кои се одликуваат со нивниот одличен вкус, феноменална нутритивна вредност, и конкурентна цена. Изложениот асортиман на Виталиа е во иста насока со новитетите претставени од глобалната индустрија, како на пример: иновации од типот на алтернативи на месо, производи збогатени со протеини, пробиотици, веган производи, производи без додаден шеќер и слично.

Саемот Ануга претставува одлична можност да се види и проучи пристапот на големите светски компании од прехранбената индустрија, нивните новитети и иновации, како и трендовите кои ќе следуваат во иднина. Со окото на глобалната јавност вперено кон Саемот во Келн, ова претставува одлична шанса за македонски бренд како Виталиа да го презентира својот квалитет, капацитет, труд, и уникатност во изработката на здрава и вкусна храна, која е наменета за секого!