Breaking News

(Видео): Жан Митрев дочекан со овации и аплауз од поранешни пациенти


Денеска пред почетокот на рочиштето Жан Митрев беше дочекан со аплауз и овации од поранешни пациенти. Прегратки од пациенти и коментари: најдобар доктор, издржи, не се предавај.


Во моментов се одвива рочиштето за кое одбраната претходно се жалеше дека и се дава премалку време за да може да ги разгледа доказите.


Според нив станува збор за 10.000 страници кои треба да ги разгледаат за 10 дена, а право на нивно разгледување имаат само по четири часа во денот.