Breaking News

Уставните измени ќе се носат со широк општествен консензус, нема најава за лидерска средба


Во моментов не е предвидена лидерска средба и нема да има во најскоро време, а уставните измени ќе се носат преку јавните дискусии со вклучување на сите засегнати страни со еден изграден широк општествен консензус, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.


Дебатата за уставни измени, според него, мора да почне на експертско ниво, бидејќи треба прво да се напишат уставните амандмани за да можат граѓаните и сите други да видат како изгледаат тие.


– Тоа ќе го направат експерти од Министерството за правда, универзитетски професори и сигурно претставници на политички партии. Во однос на вклучување на сите политички партии, нормално дека тие ќе бидат вклучени во самиот процес, бидејќи процесот на уставни измени предвидува вклучување на сите во Собранието, бидејќи тој се одвива во Собранието во неколку фази, рече Ковачевски.

Премиерот најави дека во јавните дискусии ќе бидат вклучени академската и деловната заедница, граѓанските организации, медиумите…


– Се со цел тоа биде изградено со еден општествен широк консензус, рече Ковачевски по увидот на изградба на градинка во општина Центар. ев/сп/