Breaking News

Успешна 2023 година за НЛБ Банка: Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење


НЛБ Банка успешно ја заврши 2023 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година. Работејќи согласно усвоената годишна деловна политика, НЛБ Банка покажа силна посветеност за финансиска поддршка на населението и бизнис секторот и придонес кон локалната економија, поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и непоколеблив стремеж кон одржливо работење.


Во анализираниот период НЛБ Банка забележа раст на вкупните кредити од 4.3% и зголемување од 10.1% кај кредитирањето во секторот домаќинства во однос на 31.12.2022 година, како резултат на зголемениот пласман на потрошувачките и станбените кредити. Истовремено, Банката забележа и раст на довербата на депонентите што резултираше со зголемување на вкупните депозити за 2.6% споредено со истиот период претходната година.


Нето добивката на Банката изнесува 3.216.860 илјади денари што се должи на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на вниимателното управување со ризикот, оперативната ефикасност, и постојаната посветеност за унапредување на корисничкото искуство.