Уште 7 дена до официјалниот избор на Мажи на годината за 2023


Ситно броиме до највозбудливиот настан, останаа само уште 7 дена до официјалниот избор на кој ќе ги откриеме најуспешните мажи во Македонија за 2023 година.
Во среда (20.12.2023) во DoubleTree by Hilton -Скопје со почеток од 20 часот ќе се бираат Мажите на годината и оваа година во 13 категории и тоа: Маж на годината за 2023, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите.


Светла, камера, гламур! Подгответе се да бидете дел од уште една незаборавна вечер. Нашата гала вечер се наближува и оваа година организаторите на овој настан најавуваат незаборавна забава, изненадувања и богата програма со присуствуво на голем број јавни личности и докажани профеционалци во сите области.


Пo изминатите пет успешни изданија, мажи на годината повторно се одржува по шести пат со цел да им даде признание на најуспешнитe мажи кај нас и натаму да се мотивираат да бидат најдобри во она што го прават и да бидат позитивен пример за идните генерации.
Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината2022“ е компанијата Aдмирал, и останатите спонзори, Бадел -AntiquePelinkovac, Империјал Тобако, Хечо а Мано и други.

Време е да ја облечете вашата најелегантна облека и да уживате во една ноќ на чиста префинетост и софистицираност во нашата земја.