Breaking News

УКЛО-Битола потпиша договор за соработка со Бар Илан Универзитет во Тел Авив


Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Игор Неделковски и Моше Левенштајн, заменик претседател на Бар Илан Универзитетот во Тел Авив, потпишаа договор за соработка.


Свеченоста се одржа за време на Меѓународниот академски саем кој вчера и денес се одржува во израелскиот главен град и во присуство на в.д. амбасадорот на Република Северна Македонија во Израел, Мациеј Качоровски.


Договорот ја отвора вратата за размена на студенти и вработени, учество во заеднички проекти, истражувања и конференции. Во наредниот период, ќе се потпишат неколку секторски договори меѓу заинтересираните факултети од УКЛО и Бар Илан, втор најголем универзитет во Израел со над 20.000 студенти и 1.350 професори.

-Остварувањето на соработка на УКЛО-Битола со овој реномиран светски универзитет, нуди можности за развој и интернационализација на УКЛО. На Меѓународниот академски саем на УКЛО учествува со свој штанд и одржа успешна презентацијата за соработка и размена на студенти и вработени. На саемот во Тел Авив, во рамки на Еразмус+ програмата на Европската Унија на Бар Илан Универзитетот, учествуваат околу 30 универзитети од Европа, информираа од битолскиот Универзитет.


Соработката помеѓу УКЛО-Битола и Бар Илан во голема мера е заслуга и на д-р Рахел Шели Леви Друмер, Еврејка со битолско потекло, која долго време беше дел од менаџментот на Бар Илан Универзитетот. мт/дма/