Breaking News

Тужители на Жан Митрев сами барале хемофилтрација, некои биле одбиени од лекарскиот конзилиум


Тужители на Жан Митрев сами барале хемофилтрација а некои од нив биле одбиени од лекарскиот конзилиум, откриваат членови на одбраната на кардиологот кој се соочува со тужба од своите пациенти на кои тој одбивал да им даде тоа што го барале затоа што сметал дека не им е потребно, пишува Експрес.


На пациенти кои имаат поднесено тужба против приватната болница Жан Митрев, за лекување од Ковид 19 со хемофилтрација, а кои биле одбиени од болницата за третмани со овој метод подоцна им биле вратени парите кои ќе ги плателе ако конзилиумот одлучил поинаку.


„Никола го примија на 24 март 2021 година во болницата Жан Митрев, тој си отиде спремен со пари во него за пакетот 12.000 евра, ова ни го кажаа и по телефон за да прашам дали имаат место, но и си го знаевме, бидејќи иста беше постапката и за свекорот. Кога го примија првите денови беше навистина добар, Ви предочувам и пораки од комуникација која ја имав постојано со него, и тој навистина се чувствуваше добро. На 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“.

За целиот текст ТУКА