Breaking News

Триесет и седум санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден возач без лиценца


Во периодот од шест до 10 часот на територијата на земјава денеска е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, информираат од Министерството за внатрешни работи.


– При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила, појаснуваат од МВР.


Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, потенцираат од МВР. бд/дма/


Фото:МИА архива

Скопје, 14 март 2023 (МИА)