Трајковски: Досега реализирани над 1 800 надзори и издадени над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари


Од донесувањето на првата Одлука – за ограничување на маржата од пет до десет отсто до сега се извршени над 1 800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.


Како што рече Трајковски денеска на прес-конференција, ДПИ неселективно постапува по сите владини одлуки.


-И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 – 10 000 евра зависно од големината на субјектите, истакна Трајковски.

Тој се обрати откако претходно министерот за економија Крешник Бектшеи соопшти дека од 5 април се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук. мч/аа/


Скопје, 3 април 2023 (МИА)