Breaking News

Традиционален Велигденски хуманитарен Базар во Велес


Пред платото на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес денеска се одржа хуманитарен Велигденски базар организиран од Општина Велес, во соработка со основните и средни училишта.

На тезгите беа изложени најразлични  рачни  ракотворби со мотиви на најголемиот христијански празник како и Велигденски  вапцани јајца во различни бои, изработени од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците,како и од волонтерите на Општинската Организација на Црвен крст.


Велигденскиот базар предизвика голем  интерес кај граѓаните кои ј ги посетија убаво уредени Велигденски  тезги  и купија од рачно изработените Велигденски украси.

Од Општина Велес најавија дека собраните средства од Велигденскиот базар ќе бидат наменети за хуманитарни цели.ад/


Велес,13 април 2023 (МИА)