Breaking News

ТАВ Аеродроми повторно се здоби со сертификатот на Great Place To Work како одлично место за работа


ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, уште еднаш се стекна со престижниот сертификат Great Place To Work преку програмата за евалуација спроведена од страна на Great Place To Work – Турција. Оваа програма ги оценува искуствата на вработените во однос на корпоративна култура, додека процесот на сертификација опфаќа детални анкети посебно креирани за повратни информации од вработените.


Директорот за човечки ресурси на ТАВ Аеродроми, Хакан Окер изјави: „Во ТАВ Аеродроми, се стремиме, секој ден, да го обезбедиме најдоброто патничко искуство на десетици илјади патници ширум светот. Денес, присутни сме во 29 земји, преку 15 аеродроми со кои управуваме во 8 земји, како и преку услугите и производите на нашите подружници на повеќе од 100 аеродроми. Имаме преку 35.000 вработени кои што обезбедуваат услуги во секоја фаза од аеродромското искуство. Знаеме дека клучниот фактор зад успехот на нашата оперативна мрежа е нашето знаење и човечкиот капитал. Горди сме што сме препознаени како одлично место за работа преку овој процес на анализи, што директно и независно го мери задоволството на вработените. Со внимателно следење на потребите и очекувањата на нашите вработени, ќе продолжиме со нашите напори да ја зајакнеме нашата корпоративна култура во согласност со нашите корпоративни вредности.”