Breaking News

Tag Archives: ВЕСТИ

Невакцинирани деца со ДТП од денеска нема да се примаат во градинките

Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за …

Повеќе »

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје. – Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го …

Повеќе »

Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред …

Повеќе »

Бојмацалиев во работна посета на општина Гевгелија

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска е во работна посета на општина Гевгелија. Бојмацалиев ќе има обраќање во прифатниот центар во Винојуг, ќе оствари средба со раководството на ОВР Гевгелија и со градоначалникот на Богданци Блаже Шапов. По средбите предвидена е изјава за медиуми од Бојмацалиев пред објектот на …

Повеќе »

Потпишување на Студентскиот манифест од парламентарни политички партии

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за денеска го најавува потпишувањето на Студентскиот манифест од страна на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав.  Како што наведува, потпишувањето ќе значи поддршка на визијата и потребата од реформирано високо образование. -Поканети се политички претставници од …

Повеќе »

Дебата „Политички митови: за употребата и злоупотребата на приказната“

– На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска ќе се одржи дебата со доц. д-р Кристина Н. Николовска и проф. д-р Ирина Талевска на тема „Политички митови: за употребата и злоупотребата на приказната“. Повод за оваа дискусија е објавата на нивните најнови монографии „Антисемитизмот и холокаустот“ од Ирина Талевска и „Национални …

Повеќе »

Панел и поднесување Иницијатива „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“ до македонскиот Парламент

Фондацијата Ромите за демократија денеска организира панел сесија и поднесување Иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија со наслов „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“. На настанот ќе се обратат Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Ирена Кетоф, претставник на Амбасадата на Франција во земјава, Фикрија Таир …

Повеќе »

Почнува Рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот …

Повеќе »

Во Кавадарци се одбележуваат 75 години од формирање на НАТО и четири години од членството на Северна Македонија

Седумдесет и пет години од формирањето на НАТО Алијансата и четири години од членството на Република Северна Македонија во НАТО, се одбележуваат денеска на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во соработка со Општина Кавадарци. На настанот ,,Отворен ден за …

Повеќе »

Рекцијата на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни средства за проектот е.Го

СООПШТЕНИЕ: Ставовите изнесени во соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за некакво криење на договорот и нетранспаретност ги сметаме за остаток на матрица на однесување на институциите од едно минато време.   . Извор: МИА

Повеќе »