Breaking News

Tag Archives: ЛОКАЛНО

Азески во Приштина – ќе се дефинираат регионални приоритети и нови иницијативи на КИФ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) денеска во Приштина, ќе има средба со претседателот на Коморскиот инвестициски форум Лулзим Рафуна, кој е и претседател на Стопанската комора на Косово. Во состав на делегацијата што ја предводи Азески …

Повеќе »

ПОНЕДЕЛНИК/Работилница за безбедноста во училиштата

  „Безбедноста во училиштата-градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ е темата на работнилницата што ќе се одржи денеска со ученици и наставници во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во Скопје, во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје. Од УКИМ информираат дека …

Повеќе »

Ковачевски во Вашингтон на средби со Блинкен, Ескобар, Шоле, сенатори и конгресмени

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре продолжува со дводневна работна посета во Вашингтон. Во Вашингтон, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, …

Повеќе »

Пратеници од помалите партии ќе информираат за предложените измени на Изборниот законик

Пратеници од помалите парламентарни партии предлагачи на Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик денеска ќе одржат прес-конферениција во Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, на пресот ќе се обратат пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Моника Зајкова, Маја Морачанин, Боби Мојсовски, Бејџан Иљас, Љупчо Балковски, Борислав Крмов, Панчо …

Повеќе »

Седница на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог  законите за изменување на законите за финансиска дисциплина и т за финансиските друштва, како и Предлог законот за парничната постапка, Предлог …

Повеќе »

Концерти на воените оркестри од армиите на Северна Македонија и на САД за Европа и Африка

Воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка денеска и утре, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Брз одговор 23” ќе одржат два издвоени концерти. Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне ќе изведе …

Повеќе »

„Патот кон 2030“ – панел дискусија во МНР

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организира панел-дискусија за Преспа форум дијалог 2023, насловена „Патот кон 2030“. Како што информираат од МНР, панел-дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023. На панел-дискусијата со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови од Балканот и пошироко коишто активно …

Повеќе »

Членот на Советот на јавни обвинители Ермон Незири ќе даде свечена изјава во Собранието

Ермон Незири, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Скопскиот обвинител Ермонд Незири на 26 април беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како …

Повеќе »

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Апелацискиот суд Скопје денеска ќе одржи јавна седница за кривичниот предмет КОКЖ-157/22 во јавноста познат како „ТНТ-рушење на КОСМОС“.  На 20 мај лани, Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“ Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, а на три години затвор  поранешниот …

Повеќе »

Почнуваат градежни активности за поставување заштитна звучна ограда на автопатот Скопје -Тетово

АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје. На …

Повеќе »