Breaking News

Светиот Крст ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро


Верниците од преспанско-пелагониската епархија денеска го слават празникот Богојавление, Водици, а најголем дел од нив се во исчекување на чинот на полагање на светиот крст во осветените води.


Во Ресен според востановената традиција, светиот крст точно напладне ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро, а атрактивниот настан го подготвија и организираат свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија кои во Отешево ќе приредат голем Водосвет и Општина Ресен од каде е најавена награда за најсреќниот учесник на манифестацијата.


Поддршка од локалната самоуправа за прославата на Водици има и во Демир Хисар, каде исто така напладне во населбата Мургашево, светиот крст ќе биде положен од мостот во водите на Стара Река. Водичарски сечености ќе бидат организирани и во 11 демирхисарски села, односно во Прибилци, Журче, Слепче, Слоештица…

Централниот настан на преспанско-пелагониската епархија ќе се одржи во дворот од Храмот на „Св. Великомаченик Димитриј“ каде ќе чиноначелствува митрополитот г. Петар и ќе го положи светиот крст во водата од црковниот базен.


Атрактивната верска традиција со полагање на свет крст во осветените води ќе се одржи и на други локации, цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија. мт/дма/