Breaking News

Судот под жесток двоен притисок пред продолжување на процесот против Жан Митрев


Судот и судијката која го суди кардиохирургот Жан Митрев се наоѓаат под двоен притисок пред продолжување на процесот против Жан Митрев чие следно рочиште е закажано за задутре, петок 15 Декември.


Судот е под притисок на јавното обвинителството кое бара казна за лекарот но и под притисок на јавноста која е свесна дека зад прогонот на Жан Митрев стојат поинакви причини од тие што официјално ги застапува јавното обвинителство, пишува Експрес.


Едно од прашањата кои судот ќе треба да ги земе предвид е дали зад случајот против Жан Митрев Клиника стојат поранешни функционери, обвинители, кумови и адвокати.

На 17 јули 2022 година беше објавен документарен филм против Клиника Жан Митрев, за шест месеци подоцна обвинителството да покрене обвинение за измама со што започна организираната хајка против Клиника Жан Митрев и кардиохирургот Жан Митрев.


Првиот удар за обвинителството и тие што стојат зад прогонот беа новни сведоците кои со своите изјави пред судот сами ја побија тезата дека се измамени.

За бизнис-политилката позадина на прогонот врз Митрев судот веќе има доволно докази преку блокирана сметка на клиниката нешто што не се случува никаде во ЕУ како и одземениот пасош на д-р Митрев кој досега докажа дека нема намера да бега или да влијае врз сведоци.


Посебна специфика на овој случај е фактот што Митрев е можеби единствениот лекар на светот чија клиника се гони за ситуација во ковид кризата иако и во државните македонски клиники имаше низа скандали и смртност за кои никој никогаш не одговарал.

За целиот текст ТУКА