Breaking News

Струмичките маски „Пчелин рај“ и „Годишни времиња“ учествуваа на Меѓународниот карневал во Риека


Струмичките маски „Пчелин рај“ и „Годишни времиња“ на осовните училишта „Видое Подгорец“ и „Сандо Масев“ денеска учествува на Меѓународниот карневал во Риека, Хрватска, кој се одржува по 40 јубилеен пат.


Струмичките карневалисти ги претставија своите маски од ланското струмичко карневалско издание пред многубројната публика во Риека во конкуренција од над сто карневалски групи и околу 9.000 учесници од повеќе земји.


Според струмичките карневалисти, овој настап, на реномираниот карневал во Хрватска, многу им значи и им претставува загревање за претстојниот, струмичкиот карневал, кој почнува в среда, а главната интернационална карневалска вечер, на која треба да продефилираат над 3.500 маскирани учесници и 41 група од земјава и странство, ќе се одржи на 25 февруари. рт/