Breaking News

Станица: Студентска 8 – настан за промовирање на активностите на студентите


На Градежниот факултет на УКИМ денеска од 12 до 17 часот ќе биде организиран настан наменет за студенти и за сите заинтересирани млади: Станица: Студентска 8.


Организатори на настанот се Младинскиот образовен форум (МОФ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС-УКИМ)


-Целта на настанот е промовирање на активностите на и за студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и организирање. Настанот е можност за студентите да ги споделат знаењата со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области од нивни интерес. Дополнително, студентите ќе можат директно да се запознаат со работата на студентските, младинските и организациите за млади и начините како би можеле да им се приклучат на саемот на студентски организации, соопштија организаторите.

Предвидени се отворени предавања на интересни и актуелни теми, како вештачка интелигенција, започнување свој бизнис, права при контакт со полиција, како е да се биде млад автор, како и помирување и градење на мирот во регионот.


Ќе има и работилници за цртање на платнени торби, одржување велосипеди и истражување на пештерите низ нашата земја. хс/са/

Скопје, 3 мај 2023 (МИА)