Breaking News

Стабилна, сигурна работа со бројни бенефиции за вработување во Макстил – Отворени нови работни позиции


Приватно здравствено осигурување за сите вработени, регрес за годишен одмор (за 2023 година исплатен во висина од 39.000 МКД), месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење како и годишни бонуси за успешност во работата и перформансот се само дел од поволностите врзани со работната позиција во компанијата Макстил.


Како компанија што е дел од глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во челичната индустрија може да понуди безбедни услови за работа, можност за следење на најдобрите практики во оваа индустрија, како и технолошко знаење и обука со ментор.


Како потврда дека во Макстил во континуитет се работи на подобрување на безбедноста е ангажирањето на професионален експерт според чии препораки се имплементирани бројни безбедносни протоколи и стандарди.

Компанијата обезбедува дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП, како и целосен оброк за време на работниот процес.
Како компанија што покажува проактивност кон вработените, тие добиваат ваучери за роденден, а исто така обезбедува и дополнителни поволности за децата на вработените како за почеток на школската година, така и за новогодишните празници.


Заради големината и обемот на работа компанијата има постојано отворени работни позиции со кои следат сите овие погодности и бенефиции. Од профилите кои најчесто се бараат во Макстил се издвојуваат електричар, дигалкар, леар, машински техничар/заварувач, оператори во производство.

Повеќе информации за отворените работни позиции се достапни на следниот линк.