Српскиот министер за финансии очекува забавување на инфлацијата


Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека очекува забавување на инфлацијата, што ќе значи постепено излегување од кризата што Србија не ја предизвика.


– Го достигнавме врвот на инфлацијата, забавување на инфлацијата е забележано и во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер. Очекувам дека инфлацијата ќе се намали во следните месеци, изјави Мали за РТС.


Тој додаде дека столбот на монетарната политика е стабилниот девизен курс, дека Србија има поголеми од кога било девизни резерви и резерви во злато.

Тој посочи дека државата направила се за да ги минимизира ефектите од зголемената инфлација.


– Имаме контролирани цени на основните прехранбени производи, најевтина струја и гас, ја контролираме цената на горивото, товарот на кризата го презеде државата за да им обезбеди на граѓаните, економијата и стопанството што е можно понормален живот и работење, рече Мали.

Тој додаде и дека Србија ќе ги исполни своите ветувања во однос на растот на платите и пензиите. јт/