Србија, Северна Македонија и Албанија ги разменуваат искуствата во преговарачкиот процес со ЕУ


Министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, на регионалниот експертски состанок „Правдата нека владее со регионот“ во Белград, изјави дека Србија, Северна Македонија и Албанија ги разменуваат искуствата во преговарачкиот процес со ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.


Регионалниот експертски состанок „Правдата нека владее со регионот“ организиран е во Белград од Националната конвенција за ЕУ во Србија, на кој присуствуваше и координаторот на Националната конвенција за ЕУ во Србија Бојана Селаковиќ, координаторката на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија, Милева Ѓуровска, координаторката на Националната конвенција за ЕУ во Албанија, Гледис Џипали и амбасадорот на Кралството Холандија во Србија, Теодорус Антониус Рајнтес.


Мишчевиќ на средбата изјави дека граѓанското општество е рамнотежа и промотор на реформите, кое на државата и посочува за новите развои, а од друга страна државата се труди да го исполни она што е реално остварливо.

-Конвенциите во регионот постојат и беа дадени како предлог кој во еден момент стана многу присутен. Националните конвенции се модел што го презедовме од она што е познато како искуство на Словачка во преговарачкиот процес, рече Мишчевиќ.


Таа додаде дека од самиот почеток е дефинирана улогата на конвенциите како основна платформа, која сега брои повеќе од 800 организаци.

-Почнавме да учиме од нашите колеги како да преговараме за договорот за стабилизација и асоцијација, бидејќи Северна Македонија тоа го направи прва на Западен Балкан, а потоа дојде време да возвратиме, така што во последните неколку години го пренесуваме искуството од преговарачкиот процес“, рече Мишчевиќ.


Таа нагласи дека Северна Македонија и Албанија се земји кои први започнале преговори, од самиот почеток според новата методологија и дека Србија може да научи за примената на новата методологија врз основа на нивното искуство.

-Од друга страна, ние можеме да помогнеме да се пренесат добрите и лошите искуства од досегашната работа во процесот на преговори меѓу конвенциите и владата, како се одвива подготовката на документите и како се презентира во Брисел и она што се обидуваме и ние да научиме, изјави Мишчевиќ. об/нд/


Белград, 11 април 2023 (МИА)