Breaking News

Советот за безбедност на ОН ги повика талибанците да им дадат еднаков третман на жените


Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција со која се повикуваат талибанците да обезбедат „целосно, еднакво, значајно и безбедно учество на жените и девојките“ во Авганистан.


Петнаестчленото тело, исто така, побара од талибанските власти „брзо да ја сменат“ својата одлука со која им се забранува на авганистанските жени да работат за Обединетите нации.


И покрај обврзувачката природа на резолуциите на Советот за безбедност според меѓународното право, талибанците веројатно нема да го променат курсот, пренесува ДПА.

Талибанците во декември минатата година соопштија дека авганистанските жени повеќе не можат да работат за хуманитарни групи, со извесен исклучок на работата што вклучува здравје, образование и исхрана. Забраната беше проширена овој месец и ги опфати и ОН.


Откако ја презедоа власта во август 2021 година и хаотичното повлекување на меѓународните сили, талибанците драстично ги ограничија правата и нивното владеење станува сè поавторитарно.

Пристапот на жените до образование и работа е ограничен, како и нивната можност за патување и пристап до медицинска нега. јт/


Фото: МИА архива