Соработка на училиштата од Белград и Охрид


Во рамки на соработката меѓу училиштата од Северна Македонија и Србија, викендов во Белград во возвратна посета на ОУ „Веселин Маслеша“ престојуваше делегација на основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.


Посетата на преставниците на ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид на Белград, на одбележувањето на денот на училиштето „Веселин Маслеша“ се реализираше во рамки на меморандумот за соработка потпишан на 20 декември минатат година.


Во меморандумот поддржан од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, Михаил Филев, а потпишан од директорите на двете училишта, Славица Котеска и Милан Стошиќ, се наведува дека во име на добрата намера и искрената соработка, двете училишта сакаат да ја унапредат воспитно-образовна работа преку културно- уметничка, спортска и забавна програма, организирање на стручни средби и конференции за професионално усовршување на наставниците, како и студиски патувања за учениците и вработените. По тој повод, претставниците на училиштето од Охрид го посетија белградското училиште во текот на нејзиното одбележување на училишниот ден.об/

Белград, 24 април 2023 (МИА)