Breaking News

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко информатичката гимназија


Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко информатичката гимназија бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно. Непречениот образовен процес е уставно и законско право на секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за 8 стручни предмети во МИГ.


Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по Математиката и Информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот. Ја потсетуваме јавноста дека Сојузот на средношколци се залага за отворање на две нови селективни гимназии – Јазична гимназија по примерот на Филолошките гимназии во Белград и Сараево и Хуманистичко-општествена гимназија по примерот на францускиот образовен систем.


Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи.