Breaking News

Со збогатена понуда Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги отвори уписите за новите студенти


Со дополнување на уште една студиска програма за додипломски студии Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ го започна уписот на нови студенти за академската 2024/25 година. Разновидната едукативна програма, составена од компетитивни студии, покрај Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Студии по англиски студии, Општествени и хуманистички науки, оваа година е збогатена со новата програма, Комуникации и дигитални медиуми. Оваа динамична и современа програма, базирана врз најновите достигнувања во технологијата и комуникациите, и прилагодена на потребите на современиот пазар на труд, ги едуцира студентите со теоретско знаење, но и со практични и технички вештини кои се потребни за создавање и дизајн на содржина во дигиталните и социјалните медиуми.


Со запишување на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, новите студенти ќе имаат можност да се едуцираат според напредни научни студии, да учат од истакнат академски кадар, да стигнат до применливо образование и да стекнат диплома од Универзитетот Јорк.


Образовниот процес на СИТИ Колеџ се издвојува со врвниот квалитет и резултатите отсликани во успешните професионални кариери на дипломираните студенти. Спроведен е од врвни академици и предавачи со меѓународни квалификации, кои преку теоретски и практични методи ги пренесуваат знаењата и експертските вештини. Како дополнување на предадените знаења и вештини, Европскиот кампус им нуди на студентите и можности за истражување како основен принцип во образовниот процес, што е уште една придобивка од образованието на оваа институција. Со ваков образовен пристап ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.

 


СИТИ Колеџ повеќе од 35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку обезбедување можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, а неговата академска мрежа е воспоставена и распространета во уште 8 земји со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ има статус на меѓународен кампус на овој универзитет и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и рангиран на 147мото место во светот според Times Higher Education 2024.


Уписите и рокот за поднесување апликации се веќе отворени, а повеќе информации за заинтересираните кандидати се достапни на линкот.