Со над 20.000 цвеќиња хортикултурно ќе се уредува Македонска Каменица


Јавното претпријатие ,,Камена Река” од Македонска Каменица го започна процесот за рано третирање и пикирање на разноврсен цветен асортиман наменет за хортикултурно уредување и разубавување на Македонска Каменица.


И оваа година како што информираа од претпријатието расадникот за сопствени потреби на ЈП Камена Река, ќе произведе над 20.000 разновидни цвеќиња.


-Оваа импозантна бројка на цвеќиња е според утврдениот динамички годишен план за цветно декоративно уредување на градот. Истата биде засадена во парковите и останатите јавни зелени површини во урбаната средина, информираа од претпријатието.

Со хортикултурно уредување како што додадоа ќе бидат опфатени и останатите делови од градот.


-Работиме на зголемување на јавните површини опфатени со хортикултурно уредување, со што ќе бидат засадени и делови од повеќе приградски населби во општина Македонска Каменица, додадоа од ЈП ,,Камена Река”.

Во моментот се работи на подготвување на површините, по што ќе се реализира најавената акција за хортикултурно уредување во М.Каменица. вс/


Фото: ЈП Камена Река