Breaking News

Со бамбуси и егзотични треви се разубави живеалиштето на тигарот во ЗОО Скопје, во соработка со Факултетот за Шумарски науки пејзажна архитектура и екоинженеринг “ХАНС ЕМ” и ФОЈА


По повод светскиот ден на бамбусите живеалиштето на Тигарот во Скопската зоолошка градина е разубавено со бамбуси и други егзотични треви со цел да се долови што повеќе неговата природна животна средина.


Бамбусите се донација на ХЕФ, додека егзотичните треви и другите растенија на Градинарскиот центар Фоја, кој исто така помогна во самото садење на растенијата и пејзажното уредување .


Скопската зоолошка градина е еден од симболите на нашиот град, место со долга традиција, омилено за посета посебно од страна на децата. Живеалиште е на бројни егзотични животни од различни делови од светот, кои заслужуваат да живеат во уреден и автентичен простор, многу близок до нивната природна средина. Токму затоа ХЕФ во соработка со ФОЈА, со задоволство се приклучија на акцијата, живеалиштето на Тигарот, да добие егзотична атмосфера, со растенија карактеристични за неговата природна средина.

Бамбусите, пампасите и другите егзотични треви се едни од најиздржливите, најбрзо растечки треви кои претставуваат повеќегодишни зимзелени растенија од фамилијата треви. Тигарот претпочита густа вегетација, место каде ќе може да биде спокен и секогаш да е во близина на вода. Со оваа донација се обезбедува токму тоа. Иако се заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се намалила за повеќе од 90%, додека два подвида се сметаат за исчезнати. Секој напор, донација која ќе биде во функција на обезбедување благосостојба на животните и ќе поттикне посреќна средина за живеење е добродојдена. Благодариме на ФОЈА и ХЕФ.