Breaking News

СМАРТ Балкан програмата продолжува да ги јакне капацитетите за општества со одржлив развој


СМАРТ Балкан програмата – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, продолжува да ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации со цел да придонесат кон градење на општества засновани на одржлив развој. Промовирајќи ја партиципативната демократија и евроатлантските интеграции во Западен Балкан, преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации и нивните области на делување, влијае на создавање на мирни и инклузивни општества со развојни можности.


Со вкупно 14 милиони евра расположливи средства за имплементирање на програмските активности ќе се стимулира работата на 450 граѓански организации во целиот регион до крајот на 2025 година. На претстојната втора регионална конференција,  организирана во рамки на СМАРТ Балкан проeктот насловена како „Мир и просперитет во Западен Балкан“ која што ќе се одржи на 14 и 15 декември 2023 во хотелот Хилтон ќе бидат потпишани и договори за користење на оперативни и регионални грантови.


Проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во партнерство помеѓу Центарот за промоција на цивилното општество  од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики од Северна Македонија и Институт за демократија и медијација од Албанија, а финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

СМАРТ Балкан проектот во фокус ги има градењето капацитети на граѓанските организации за нивна посилна и поактивна улога и делување во општеството, создавање регионални партнерства, зголемена ефикасност на промените иницирани од граѓаните а со цел унапредување на безбедноста, стабилноста и доброто владеење во земјите од Западен Балкан.


За оваа цел, во изминатите две години додели 200 грантови на граѓански организации од земјата и регионот во вредност од околу 8.490.000 евра со што активно придонесуваат кон јакнење и поттикнување на граѓанските организации и мрежите за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Западен Балкан.

Во моментов активни се девет регионални грантови од првиот повик, од кои на два се носители граѓански организации и институти од Македонија: FINANCE THINK- Институт за економски истражувања и политики, Скопје и Институт за стратешки истражувања и образование – ИСИЕ.


Центарот за истражување и креирање политики од Северна Македонија оваа недела ќе биде домаќин на регионалната конференција „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите?” која ќе се одржи на 14 и 15 декември во хотел Хилтон.