Следува период на облачно време со повремени врнежи од дожд


Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота. Во недела попладне и во понеделник ќе има
преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.


Како што информираат од УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени целзиусови, а максималната температура ќе биде од 6 до 14 степени. дма/бак/


Фото:МИА