Скопските бадникари сигурно зачекорија во четвртата деценија од постоењето и успешната и делотворна работа.


Бадникарите сигурно зачекорија во четвртата деценија од постоењето и успешната и делотворна работа. Поддршка и помош пристигнуваат од сите страни, нивната иницијатива за традиционална дружба и прослава на Бадник  доби јасни и неповторливи контури и  прерасна во хуманитарно движење и еколошка акција за чиста и убава околина со веќе традиционалното садење на млади бадникови стебла на падините на Водно во месноста Краста. Скопјани одамна покажаа што мислат за Бадникарите и нивните следбеници, но се би било залудно да ги нема со нив младите и полни со елан и идеи кои непоколебливо стојат на чело и полека ја преземаат носечката улога од ветераните, на нивно огромно задоволство!


Годинава со видливо одушевување и безмалку со трема, како  што и самите признаваат, двете водечки Бадникарски функции ги прифатија едногласно Божидар Јанковски и Анастас Тановски. Првиот попознат како Бобо ќе биде Кум кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а вториот кого скопјани го знаат како Таше ќе ја каже здравицата на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски на 6 јануари во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.


Кумот е стопанственик стар скопјанец и урбан градски лик, сопственик на Дајнерс, а здравичарот скопјани го знаат како виден драмски актер и талентиран музичар, член на бендот на ветераните заедно со претседателот на Бадникарското здружение.

Во очекување сме на возбудливи бадникарски собитија, се по ред како и што сме договорени!!!!!