Breaking News

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ја зацврстува втората позиција во државата


Универзитетот „Гоце Делчев“ и во најновото рангирање на Вебометрикс повторно е рангиран на втората позиција во државата, а на светско ниво е рангиран за 100 места подобро од последното рангирање, објави на веб страницата Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.


Во писмената објава стои дека Вебометрикс рангира универзитети 20 години и оваа година одбележува 20 години од првата ранг-листа. Оваа база е најголемата во светот и опфаќа најголем број универзитети.


-Според нивната методологија, рангирањето е според три параметри и тоа: Видливост – ова опфаќа број на надворешни мрежи и линкови кои институции и организации ги поврзуваат со универзитетот кој се рангира. Веб-страници на други институции ја имаат линкувано институцијата која се рангира. Вмрежувањето опфаќа 50% од формирањето на позицијата.Извонредност – Бројот на трудови во топ 10% најцитирани од 27 дисциплини. Овој критериум зафаќа 40% од формирањето на оцената/позицијата на универзитетот, велат од УГД-Штип.

Посочуваат дека транспарентност односно отвореност е најкомплицираниот критериум на Вебометрикс и сѐ уште е во бета фаза на тестирање. Тие имаат посветено посебна страница да го објаснат начинот на кој го вршат ова рангирање. Едноставно кажано, станува збор за број на цитати од топ 310 автори во светот. Овој критериум зафаќа 10% од формирањето на оцената/позицијата на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. вдј/